Harizma Band е формиран во 2012 година и повеќе од една деценија е дел од најубавите свадбени приказни низ Македонија.
Со над 100 настапи секоја година, бендот стана синоним за енергија, професионалност и врвна забава која го исполнува подиумот од првиот до последниот тон.
Нашиот состав брои 7 врвни музичари – машки и женски вокал, саксофон/кларинет, хармоника, тапани и две клавијатури – а за посебни моменти вклучуваме зурла и два тапани, носејќи дел од македонската традиција на вашата свадба.

машки вокал

женски вокал

саксофон/кларинет

клавијатура

тапани

хармоника

бас клавијатура
Од првиот контакт до денот на свадбата, ние се грижиме за секој детал. Со јасен и едноставен процес, ќе бидете сигурни дека музиката и атмосферата ќе бидат совршени.
Харизма Бенд досега има издадено четири песни, секоја со своја приказна и емоција. За нив снимивме професионални видео записи кои можете да ги погледнете на YouTube.
Тука ќе откриете што велат младенците за својата свадба со Harizma Band.
Здраво, ние сме сè уште возбудени од атмосферата на свадбата, зборот ЗАДОВОЛНИ е малку за да се опише.
Пред сè да Ви се заблагодариме за сè, комуникацијата со вас помина одлично и секоја желба ни беше исполнета.
Си поминавме одлично, тоа и самите можете да го видите по тоа дека невестата воопшто не сeднa 😅.
Коментарите на гостите беа дека свадбата не е за 10ка туку за 100ка 🥰.
Ви благодариме од сè срце и секако ќе ве препорачуваме на идни младенци. 🙂
Харизма Бенд – дечки вие сте најдобри! Презадоволни од вас, ви благодариме што бевте дел од нашиот најубав ден. Одлична соработка, култура и комуникација на ниво, вие сте светско а наше. Топла препорака секаде за вас❤️🍀🤗
Комуникацијата беше прекрасна, репертоарот беше феноменален, вечерта беше забавна, весела и незаборавна.
Супер сте, одлични во сè, фала ви за сè.
И за сите наредни младенци ако сакаат добра забава, веселба и убава вечер – тука сте вие.
Огромна благодарност до сите вас за прекрасната вечер.
Од 400 луѓе сите прашаа од каде е групата.
Од најмлад до возрасен до најстар – сите беа весели. Со добра музика сè е можно!
Ви благодарам неизмерно ! Свадбата ја направивте совршена! Особено ме радува што беше се испочитувано што ни беше желба. Ние си поминавме преубаво а и сите гости ја пофалија веселбата. На сите ќе ве препорачам а воедно и веќе многумина од присутните прашуваа за групата. Големо БРАВО а уште поголемо БЛАГОДАРАМ!
Здраво дечки!
Би сакале да ви се заблагодариме за прекрасната забава, искрено ги надминавте нашите очекувања ❤️.
Многу беше весело и немаше гостин кој не стана да игра и не ве пофали 💃🕺.
Се гледаме на некоја следна веселба!
Љупчо & Магдалена
Вечерта беше совршена! Атмосферата беше полна со енергија и емоции, а музиката од првата до последната песна не држеше сите на нозе. Гостите постојано коментираа колку добро свири бендот и колку е пријатна и весела атмосферата. Без двоумење би ве препорачале на секој идни младенци знаете како да направите незаборавна вечер! Ви благодариме од срце.❤️
Нашиот ангажман трае околу 7 часа, вклучувајќи припрема и тонска проба. Настапот трае околу 5 часа, со кратки паузи усогласени со текот на вечерта – една пред влезот на младенците и една за време на вечерата. За време на паузите пуштаме амбиентална музика, така што атмосферата тече непрекинато и забавата никогаш не запира.
Две недели пред свадбата правиме состанок на кој ги договараме сите детали. Нашиот репертоар е внимателно избран за да создаде одлична забава, но секогаш има простор за ваши желби. Доколку ја знаеме песната ја изведуваме без проблем, а ако не – можеме да подготвиме и неколку нови песни специјално за вас.
За нашиот настап обезбедуваме професионално озвучување, без никакво дополнително плаќање. Доколку на истата опрема настапува гостински бенд, DJ или друг изведувач, користењето на озвучувањето се наплаќа дополнително.
Најдобро е да нè резервирате 6–12 месеци однапред, особено за популарните датуми во летната сезона. Сепак, секогаш може да имаме слободен термин – затоа слободно контактирајте нè за вашиот датум.
Да, настапуваме низ цела Македонија – без разлика каде е вашата свадба, со задоволство ќе бидеме дел од неа.
Во услугата е вклучен настапот на целиот состав од 7 музичари – машки и женски вокал и пет инструменталисти. На програмата се македонска народна музика, традиционален дел со тапани и зурла, како и забавен дел со поп, рок и најнови хитови од регионот. Дополнително, во цената е вклучено и професионално озвучување за нашиот настап.
Со повеќе од една деценија искуство и над 100 настапи годишно, Harizma Band е сигурен избор за свадба што ќе се памети. Нудиме комплетна програма – од традиционални ора со зурла и тапани, до забавен дел со најголемите хитови. Со нас нема потреба од дополнителни музичари – добивате комплетно шоу со професионално озвучување и сè што е потребно за свадбата да биде совршена.
За резервации и информации – пополнете ја формата или контактирајте нè директно на телефон или емаил.