Новости

НАШЕ ВРЕМЕ – нова песна на Харизма Бенд

Ова не е наша прва песна, но е прва која ги помина границите на Македонија за да се создаде. Снимена е во студиото на Јоца Савиќ во Србија, микс и мастер е направен од Мишо Крпо во Франкфурт Германија.

Што се однесува до видеото, снимено е на две локации во Македонија низ окото на Даниел Јовески. Текстот е од перото на Огнен Неделковски.

Споивме екипа на докажани професионалци за да ја создадеме НАШЕ ВРЕМЕ.

Уживавме во создавањето на оваа песна, благодарение на сите прекрасни луѓе кои учествуваа во овој проект. Сега уживајте и вие!

Круна на љубовта е новата песна на Харизма Бенд

Во времето на Кралевите и Кралиците, “Првиот танц” се користел за отворање на бал или специјален настан. “Првиот танц” го играле почесните гости, кои често биле членови на Кралско семејство, додека во денешно време овој танц го играат младоженците.

Фотосесија – Круна на љубовта (2022год.)

“Круна на Љубовта” е песна наменета токму за “Првиот танц”.

Со оваа песна ја возвраќаме љубовта на нашата публика. Благодарни сме за поддршката што ја имаме овие 8 години. Сè што правиме, правиме за Вас! – Харизма Бенд

Текстот на песната е напишан од непресушното перо на Огнен Неделковски, певливата мелодија е дело на Александар Митевски, а милозвучниот аранжман е на Бобан Василески., Доколку веќе сте го одиграле Вашиот “Прв танц”, за миг ќе ве вратиме на “подиумот на среќата” со сè тремата. Уживајте во “Круна на Љубовта”

За “Круна на љубовта” снимивме видео запис во 2022 год. Во спотот земаа учество балетски уметници и музичарки од камерен оркестар кои придонесоа магијата на оваа песна да се пренесе во целост. Во продолжение погледнете го видео записот.

Харизматична фотосесија на Харизма Бенд, најава за новиот проект.

Харизма Бенд деновиве ги израдуваа своите фанови со нови фотографии. Фотосесијата е само најава за новиот проект кој следува.

ВИДИ ЈА ЦЕЛАТА ГАЛЕРИЈА

Пеам да не заплачам – Харизма Бенд и Сара Камчева

Уште една домашна верзија во живо. Наша цел е да ве развеселиме. Сė што правиме, правиме за Вас. Уживајте!

Песната може сé – Харизма Бенд и Сара Камчева

Песната е… да те смири, да те вивне, да те слуша, да те излечи…! Уживајте пријатели во Вашите домови. Искористете го слободното време паметно. Може тоа да биде читање книга, сликање, свирење на инструмент, пеење, готвење или учење на нов јазик.
Бидете позитивни и посетувајте го фрижидерот само во итни случаи (истото и за нас важи)
*Видеото е снимено за време на пандемијата од Корона вирусот.

“Музика и Вино” со Харизма Бенд и Ивана Наумова

Ние веруваме дека музиката може да го подобри вкусот на виното, а исто така и виното може да го подобри звукот на музиката, затоа нашиот најнов проект го насловивме “Музика и Вино”. Проектот содржи македонски свадбарски песни и безвременски кафански хитови отсвирени и отпеани во живо. Уживајте во звукот и сликата на Харизма Бенд и Ивана Наумова.

Прилог од снимањето на проектот “Музика и Вино”

2019 година е доста успешна за Харизма Бенд

Девојчето со тапанот

Еве неколку збора за тоа како настана видеото со “Девојчето со тапанот” кое буквално им ги наполни срцата на многу луѓе.
Видеото е снимено на свадба во Кавадарци. 
Девојчето е Тијанче Илова која дома си има тапан од дедо ѝ од оние железните со чинела одозгора и си тропа на него кога ќе и посака душата. 
Татко ѝ Блаже спомна дека ќерка му тропа на тапан. Прво не го сфативме сериозно. Досега не сум сретнал девојче кое има желба да тропа на тапан. Нејсе, нешто подоцна ја прашувам јас Тијанче, која песна сакаш да ја свириме, таа така ладно одговори: – која и да е. Е тука веќе разбрав оти е спремен тапанџија 😄
Ја погледнав со тапанот на рамо и единствена песна која ми дојде на памет беше Македонско девојче. И ете, се случи момент за паметење. Спонтано, без претходни припреми. На мене и мојот бенд Харизма Бенд ни претставува огромна чест што сме дел од овој момент. А на Тијанче и посакуваме да продолжи по овој пат, успехот е неизбежен.

– Ѓорѓи Манев 23.07.2019

https://www.facebook.com/HarizmaBand/videos/1191251977712866/

Харизма Бенд – Позади сцената (гостување во Германија)

Харизма Бенд по повод Велигден (28.04.2019) доби покана за настап во Келн, Германија. Со задоволство одговоривме на поканата. Настанот се одржа во Троисдорф (Келн) и беше проследен од околу 400 луѓе. Како си поминавме позади сцената на ова патување може да погледнете на следното видео.

Scroll Up