Песни

Круна на љубовта – Текст
Раце испотени
Очи заљубени
Легни ми на рамо ти
Во нас се сите погледи


Почнува песната
Срце застанува
Одбрани од Бога сме
Ко едно да живееме


Влези ми во срце ти
И вечно тука остани!


Рефрен:
Силно гушни ме
Додека танцуваме
Нека трае среќата
Поведи ме кон вечноста!
Силно гушни ме
Додека танцуваме
Вечерва е нашата
КРУНА НА ЉУБОВТА


Нежно ми зборуваш
Изгрева насмевка
Во очи ми пишува
Живот цел те чекав јас


На подиум на среќата
Тремата доаѓа
Доаѓа и проаѓа
А љубовта останува!


Влези ми во срце ти
И вечно тука остани!


Рефрен:
Силно гушни ме
Додека танцуваме
Нека трае среќата
Поведи ме кон вечноста!
Силно гушни ме
Додека танцуваме
Вечерва е нашата
КРУНА НА ЉУБОВТА

текст: Огнен Неделковски
музика: Александар Митевски
аранжман: Бобан Василески

Лична Невеста – Текст

Дојдов јас од туѓина,
в’ мојот убав роден крај
невеста да побарам
прстен да и подарам
мајко благослови нé
дом да си задомиме
в’ Недела на венчавка
ние одиме.

реф.
Лична невеста, еј македонка
ќе си земам мајко знај, мома од наш крај.

Дојдов јас од туѓина,
после многу години
свадба да си направам
мои роднини,
мајко благослови нé
дом да си задомиме
в’ Недела на венчавка
ние одиме.

текст: Орце Зафировски
музика: Сашко Велков
аранжман: Сашко Велков

Литар вино – Текст

Одам јас по меаните
а со мене и другарите
цело друштво собрано
добро вино одбрано
да се пие се до дно

реф.
Запејте весело да е
овој живот да ни потрае
литар вино дајте ми да пијам
мерак в гради нејќам јас да кријам
литар вино музика да свири
срце мое нема да се смири

Одам јас по меаните
а по мене музичарите
пеат свират до зори
рујно вино жубори
срце ќе ми изгори

текст: Орце Зафировски
музика: Сашко Велков
аранжман: Сашко Велков

Copyright © 2021 Harizma Band | My Music Band by Catch Themes
Scroll Up