Здраво, младенци! Честитки!
Ова е вашиот водич за супер свадба со Harizma Band – опуштете се, ние ќе се погрижиме забавата да биде топ!
Музика во позадина додека пристигнуваат вашите гости. Оваа музика може да биде наш избор, но доколку сакате можете да спремите песни на усб во mp3 формат кои со задоволство ќе ги пуштиме. Околу 20 минути пред да влезете, почнуваме ние да свириме македонски евергрини. Штом ќе бидете спремни, во консултација со шефот на ресторанот и камерманот го најавуваме вашиот влез.
Влезот може да биде исто така по ваш избор. Наши предлози се:
Моменти за вас – одберете ги омилените песни. Првиот танц го играте сами, додека вториот го играте заедно со гостите. Погледнете ја листата на песни која може да ви послужи како инспирација при изборот на песни.
Посветени песни за невестата, младоженецот, свекрва и свекор, баба и дедо, кумови, старосвати, девер, браќа и сестри на невеста/младоженец
Македонски народни хитови, само весели песни, чочек и добро познати мелодии за сите генерации.
По договор, можеме да вклучиме и омилени песни од регионот за кои сме сигурни дека можат уште повеќе да ја загреат атмосферата. Секако доколку вие одобрите.
Традиционални македонски ора кои ги игра и старо и младо.
Пријатна музика во позадина
Неколку песни за раздвижување.
Одличен момент да се почне со забавниот дел.
Енергична, весела музика, познати хитови и убава атмосфера. Погледнете ја листата на песни и одберете го стилот на забавни песни.
Уште еден специјален момент, пред последните неколку песни и финалето на вечерта.
Свадбата почна со убава балада. Не е лоша идејата така и да заврши. Нели?
Ние сме тука да водиме сѐ со темпо, атмосфера и енергија што ќе ја паметите цел живот!