Харизма Бенд постои од 2012 година. Настапите на Харизма Бенд се првенствено на свадбените веселби. Нашата публика има прилика да не види и слушне на повеќе национални телевизиски програми со музичка содржина како што се емисиите: Моја свадба, Чаша љубов, По патот на песната со Зоран Џорлев, На здравје, Везилка, Имат Немат и т н. Покрај Македонија, настапуваме и во странство. Досегашни гостувања во странство се во Турција, Бугарија и Германија.
Имаме издадено 4 песни за кои снимивме видео записи. Песните се насловени Наше Време, Круна на Љубовта, Литар Вино и Лична Невеста.
Реализиравме проект насловен “Музика и Вино” кој содржи два сплета. Првиот е со македонски свадбарски песни, додека вториот содржи безвременски кафански хитови. Овој проект е отсвирен и отпеан во живо.
До сега сме свиреле на над 600 свадбени и други веселби. Свесни сме за важноста и значењето на свадбата како настан и датум кој ќе ве прати низ животот. Затоа, со задоволство го носиме епитетот “Бенд за свадба”. Нашите настапи се полни со позитивна енергија и музичка разновидност, а задоволните насмеани лица на публиката каде што свириме се нашиот двигател.
Нашата мисија е да продолжиме со создавање на моменти за паметење преку музицирање како и со издавање на наши песни со што сакаме да се оддолжиме на нашата публика за поддршката која ја добиваме.