Harizma Band е професионален свадбен бенд со над една деценија искуство и повеќе од 100 настапи годишно. Нашата музика е спој на традиција и модерно – гаранција за свадба што ќе се памети.
Harizma Band е формиран во 2012 година и повеќе од една деценија е дел од најубавите свадбени приказни низ Македонија. Со над 100 настапи секоја година, бендот стана синоним за енергија, професионалност и врвна забава која го исполнува подиумот од првиот до последниот тон.
Нашиот состав брои 7 врвни музичари – машки и женски вокал, саксофон/кларинет, хармоника, тапани и две клавијатури – а за посебни моменти вклучуваме зурла и два тапани, носејќи дел од македонската традиција на вашата свадба.

машки вокал

женски вокал

саксофон/кларинет

клавијатура

тапани

хармоника

бас клавијатура
Harizma Band е спој на традиција и модерно – на нашите настапи ќе слушнете македонска народна музика, македонски поп и рок, екс-ју хитови, српска народна музика и најновите хитови од регионот.
Со современ звук и внимателно избран репертоар, секоја свадба ја претвораме во беспрекорно музичко доживување. Преку музиката создаваме мост меѓу традицијата и современото, исполнувајќи ја вечерта со вистинска емоција.